Повеќе од 400 лица се осудени досега за учество во протести по контроверзниот реизбор на белорускиот претседател Александар Лукашенко во 2020 година, соопшти денеска државното обвинителство. Најстрогата казна досега е 10 години затвор, според белоруските активисти за човекови права.
Режимот на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, во голема мера ги задуши протестите што избија по изборите во август 2020 година.
Соочени со демонстрации од десетици илјади луѓе, властите постепено ги задушија протестите со масовни апсења заедно со полициското насилство, додека главните противници на режимот беа затворени или принудени на прогонство.
„До денес, обвинителите испратија 468 кривични предмети поврзани со 631 лице до судовите за учество во недозволени масовни настани и дејствија кои грубо го нарушуваат јавниот ред“, соопшти обвинителството.
Обвинителството прецизира дека досега се „осудени повеќе од 400 лица“.
Најстрогата казна досега е 10 години затвор, според белоруските активисти за човекови права.