Лукашенко: Путин е мој, но и пријател на Белорусија

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави денеска дека го смета својот руски колега Владимир Путин за пријател и дека тие се во ист тим во спортот и политиката.

– Да, го сметам за мој пријател и оваа година (2020 година) тој потврди дека тој не е само мој пријател, туку и пријател на Белорусија. Искрено – рече Лукашенко во интервју емитувано денес на телевизија Русија-1.

Тој посочи дека Русија и Белорусија треба да ги прошират процесите на интеграција во сите правци, јави ТАСС.

Според него, Белорусија негува братски чувства кон сите руски граѓани, не само кон рускиот народ.

Лукашенко изјави дека Минск е подготвен да биде домаќин на самитот на Нормандискиот квартет, како што тоа се случи во 2015 година, но исто така додаде дека западните партнери најверојатно нема да се согласат да се состанат во белоруската престолнина.

Слични содржини