Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ги обвини Соединетите Американски Држави дека се одговорни за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси поради нивната политика на санкции што им забрануваше на компаниите да го сервисираат неговиот хеликоптер.
„Како човек, а не како претседател, би сакал да кажам дека гнасната, одбивна позиција на САД доведе до ова. Пред се мислам на санкциите. Овие никаквци немаа право да воведуваат санкции за бродови, авиони и хеликоптери кои превезуваат луѓе“, рече тој на прес-конференција, пренесe ТАСС.
Во Иран беше прогласена петдневна жалост за смртта на Раиси, претседателот беше погребан во четвртокот во неговиот роден град Машхад.