Лукашенко: Силна Кина значи и силна Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska
112 прегледи

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, кој е во државна посета на Кина од 28 февруари до 2 март, на средбата со кинескиот премиер Ли Кечијанг изјави дека неговата земја поинтензивно ќе се развива покрај силната Кина.

„Ви посакуваме успех. Ова е нашиот прагматизам. Ако Кина е силна, нашата Белорусија исто така ќе се развива и ќе биде силна“, рече Лукашенко, пренесува агенцијата „Белта“.

Лукашенко ѝ честиташе на кинеската страна за успешно одржаниот Конгрес на Комунистичката партија на Кина и рече дека Пекинг „го следи својот пат, никого не вознемирува и не обрнува внимание на ситните поплаки“.

Претседателот на Белорусија, кој по 13-ти пат е во посета на Кина како претседател, повика на уште поголема соработка меѓу двете земји во сите области.

Слични содржини