Лукашенко: Син ми се натпреваруваше со Путин во пукање и победи!

од Nikola Popovski
265 прегледи

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко во интервју за каналот на Јутјуб „Соловјов Лајв“ раскажа како неговиот син Николај добро пука од огнено оружје.

Претседателот на Белорусија потсети на настаните од август 2020 година, кога започнаа протестите во земјата по претседателските избори.

„Планираа напад на резиденцијата, а јас немав друго оружје освен пиштол… Мојот помлад син одлично се справува со оружјето, неодамна се натпреваруваше со Путин во пукање и победи, иако Путин добро пука“, информира Лукашенко.

Тој потсети дека демонстрантите еднаш влегле во претседателската резиденција за време на протестот.

„Бев во летната резиденција. Се вратив овде, во резиденцијата на претседателот и контролирав сè. Видов дека шират лажна вест дека јас, како Јанукович, избегав. Дека веќе сум во Ростов, дека децата ги нема. Го зедов митралезот во раце, го облеков панцирот, дури заборавив да го ставам шлемот“, информира Лукашенко.

„Никој не трепереше. Знаев како работат нашите момци, направија се што им кажав. Но, морав да им покажам дека никаде не сум избегал, дека сум тука и дека моите деца се тука, дури и најмалото дете. Тој не излезе, само ми рече: „Нема да нападнам никого, но ќе го бранам татко ми“, се присети белорускиот лидер.

Слични содржини