304
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко оцени дека ситуацијата со немирите во Казахстан е уште една лекција која покажува што може да се случи со Белорусија.
„За нас ова е уште една лекција во смисла дека разбравме што може да ни се случи“, рече Лукашенко, пренесува РИА Новости.
Тој посочи дека во тој случај Белорусите нема да ги решат прашањата во својата земја.
Во Казахстан има немири поради цената на горивата. Во судирите меѓу безбедносните сили и демонстрантите загинаа 13 полицајци, а властите соопштија дека неколку десетици демонстранти се „ликвидирани“.
Во судирите се повредени околу 1.000 луѓе.