Опозициската политичарка Светлана Тихановска не беше принудена да ја напушти Белорусија, тврди претседателот Александар Лукашенко.
-Се колнам во моите деца дека Тихановска не побегна. Таа ме замоли да ја однесам до границата со Литванија, не само таа, туку и неколку други луѓе, што и јас го направив. Значи, таа не побегна. Дали сакате доказ? Можеме да ви дадеме докази. Ова е уште една лага“, рече белорускиот претседател за Си-Ен-Ен.
Европа и САД веруваат дека на Тихановска и била ускратена победата, кога била втора на претседателските избори во август 2020 година, на кои Лукашенко го освои шестиот мандат со 80 проценти поддршка.
Во јули, таа имаше состанок во Белата куќа со американскиот претседател Џозеф Бајден, кој на Твитер објави дека има „чест“ да ја запознае и дека „САД цврсто стојат со народот на Белорусија во потрагата по демократија и универзални човекови права“.
Во интервју за Си-Ен-Ен, Лукашенко се согласи да одговори на обвинувањата и се обиде да ги отфрли сите негативни ставови за него.
Тој зборуваше за човековите права и рече дека Западот нема да може да ги натера сите земји да ги „почитуваат“ неговите стандарди за човекови права, и дека истото ќе важи и за изборните стандарди.