Лукашенко тврди дека Зеленски сака да ѝ го предаде западниот дел на Украина на Полска

од Nikola Popovski
263 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува да го предаде западниот дел од неговата земја на Полска, но Украинците тоа нема да го дозволат, изјавил претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Украинците тоа нема да го дозволат. Но Зеленски иде кон кон тоа. Донесена е одлука која на полските полицајци им дава речиси ист статус како и на украинските, изјавил вчера Лукашенко во разговор со украинската новинарка Дијана Панченко.

Додал дека го слушнал тоа и дека Украина се подготвува.

Во Полска веќе се формирани воени единици за помош на Украина. Ако влезат, нема да можете да ги вратите бидејќи Американците стојат зад Полска, смета Лукашенко.

Истакнал дека доколку ѝ бидат предадени на Полска, западните делови на Украина ќе станат дел од НАТО.

Тоа ќе биде полска територија, а да се биде дел од Полска значи да се биде дел од НАТО. Сè оди кон тоа. И тоа е неприфатливо за нас, но и за Русите, потенцирал белорускиот претседател.

Слични содржини