Лукашенко: Украина и нуди на Белорусија пакт за ненапаѓање

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Украина и понуди на Белорусија да потпише пакт за ненапаѓање, но во исто време обучува војници кои претставуваат потенцијална закана за националната безбедност, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Не знам зошто ова и е потребно на Украина. Од една страна бара од нас да не се бориме против нви под никакви услови, за да не влезе нашата војска на нејзина територија. Тие ни нудат да потпишеме пакт за ненапаѓање. А од друга страна, тие ја готват оваа експлозивна смеса и ги вооружуваат војниците“, рече тој, пренесува ТАСС.

Лукашенко смета дека „Полска и Литванија во меѓувреме целосно полуделе“.

„Што им треба за да креираат закани? Немам идеа. Затоа мора цврсто да одговориме. Имаме доволно прашања со кои треба да се справиме, во воздушниот простор и на земјата, таканаречената зелена граница“, рече тој.

Слични содржини