Лукашенко упати закани до Западот: Ако се осмелите да не нападнете, одговорот ќе биде моментален

од Берта Китинска
370 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, говорејќи пред Денот на независноста на Белорусија, изјавил дека им наредил на своите вооружени сили да ги таргетираат центрите за одлучување во западните престолнини во случај на напад врз Белорусија, велејќи „не допирајте не и нема да ве допреме “, пренесува Белта.

„Ако се осмелите да нападнете, како што планираат, на југот на Гомел или нафтената рафинерија Мозир, аеродромите во Лунинец или Брест, одговорот ќе биде веднаш. За една секунда! Имаме што да одговориме“, кажал Лукашенко.

Додал дека одговорот ќе биде недвосмислен, пишуваат агенциите.

Според нивните написи, бројни аналитичари изјавиле дека постои можност Белорусија официјално да и се придружи на Русија во војната.

Слични содржини