Лукашенко: Употребата на нуклеарно оружје неприфатлива

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Белорускиот авторитарен лидер Александар Лукашенко изјави во интервју за „Асошиејтед прес“ дека не очекува руската „операција“ во Украина да се одолговлекува толку долго и рече дека прави се за да ја запре војната.

Лукашенко ја бранеше руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари, но рече дека не мислел дека таа „ќе се протега на овој начин“.

„Но, јас не сум доволно навлезен во овој проблем за да кажам дали се оди според планот, како што велат Русите. Сакам уште еднаш да нагласам, чувствувам дека оваа операција се одолговлече“, рече Лукашенко за време на интервјуто во Палатата на независноста во Минск.

Тој исто така нагласи дека Украина ја „провоцира Русија“ и инсистираше на тоа дека Белорусија е посветена на мирот.

„Категорично не прифаќаме никаква војна. Направивме сè и правиме се сега за да нема војна“, рече белорускиот претседател, нагласувајќи дека преговорите меѓу Русија и Украина започнале благодарение на него.

Лукашенко исто така рече дека би било „неприфатливо“ да се користи нуклеарно оружје, но не може да каже дали Русија има такви планови.

„Не само што употребата на нуклеарно оружје е неприфатлива затоа што е веднаш до нас – ние не сме преку океанот како САД. Тоа е исто така неприфатливо затоа што може да ја исфрли нашата земјина топка летајќи надвор од орбитата кој знае каде“, рече Лукашенко.

Слични содржини