Лукашенко: Во Белорусија владее демократија, никој не го напаѓа „Капитол Хил“

од Nikola Popovski
146 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека во неговата земја се водат нормални демократски процеси, споредувајќи ја ситуацијата во Белорусија со онаа во САД во последниот период.

„Во нашата земја демонстрантите и другите незадоволни луѓе не ги напаѓаат владините институции и зградите како „Капитол“. Имаме потполно нормална демократска состојба од гледна точка на развојот на демократските процеси“, изјавил Лукашенко за време на видео конференција со претседателот на Меѓународната хокеарска федерација, Рене Фазел.

Лукашенко тоа го нарече „главно незадоволство на одредени политичари во Европа од Белорусија“.

„Мислам дека нема потреба некого да се убеди дека сè е нормално во Белорусија“, рекол шефот на државата обраќајќи му се на Фазел.

„Тие сакаат да ме обвинат за заштита на мојата земја и мојот народ. Но, јас бев избран за тоа“, изјавил Лукашенко.

Слични содржини