Западот подготвува сценарио во кое насилно би ја смениле власта во Белорусија. Ова го изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко на средба со претставници на специјалните служби на земјите-членки на Заедницата на независни држави (ЗНД).
„Во однос на Белорусија, можам да кажам дека во Полска, Литванија и, за жал, Украина се обучуваат илегални вооружени формации и се обидуваат да создадат заспани екстремистички ќелии во земјата. Неодамнешните факти го покажуваат тоа. Односно подготвуваат сценарио за промена на власта. Го гледаме тоа и нема да го дозволиме“, изјави Лукашенко за агенцијата „Белта“.
Тој додаде дека Западот го користи меѓународното право за да изврши притисок врз земјите од ЗНД, што и самиот го игнорира кога му одговара.
Тој посочи дека воено-политичката ситуација околу ЗНД станува се потешка.
„Мораме да разбереме дека големите играчи околу нас, Русија, Белорусија и централноазиските земји полека се обидуваат да се поделат и тоа не смееме да го дозволиме. Забележуваме дека се зголемува бројот на војници на земјите од блокот на НАТО, дека има невидена концентрација на армијата во близина на нашата заедничка територија и дека се поттикнуваат конфликти“, нагласи белорускиот лидер.