410
Руската нафтена компанија „Лукоил“ повика на прекин на војната, пренесе италијанската агенција „АНСА“.
„Лукоил“ е вториот најголем производител на нафта во Русија.
Во соопштението објавено на веб-страницата на „Лукоил“, тие напишаа дека се загрижени за трагичните настани во Украина и ги поддржуваат преговорите за ставање крај на конфликтот.
Надзорниот одбор на компанијата повика на итен прекин на огнот.
Според британски Би-Би-Си, „Лукоил“ е првата голема руска компанија која гласно се изјасни против инвазијата на Украина.