
Новата луксузна линија на слушалки на њујоршкиот бренд „Caeden“ се истакнува со врвен модерен дизајн и висококвалитетен звучен систем. Формата на слушалките е инспирирана од фасцинантната архитектура на Њујорк. Беспрекорниот дизајн се истакнува со чисти, прецизни линии, кои формираат интересни геометриски шеми, неутрални тонови, и вклучува скапи метали, комбинација што симболички ги отсликува квалитетите и карактерот на градот што во себе ги кријат карактеристиките на градот.

Колекцијата, именувана како „Linea“, ги комбинира функционалноста, иновативната современа технологија и вештиот дизајн, а крајниот резултат се форми што се идеален баланс помеѓу архитектурата и уметноста. Звучниот систем е со високи перформанси што имаат способност да ја блокираат надворешната врева и да ги пренесуваат звуците со цел да се овозможи првокласно звучно доживување.


Колекцијата е составена од два вида слушалки: „Linea N°1“, која се состои од погломазни слушалки со три различни дизајни; изработени од избрусена керамика со розово злато, избрусен карбон со жолто злато и мазен карбон со бронза, додека „Linea N°2“ се состои од мали ушни слушалки што се изработени во истите три дизајни како „Linea N°1“.

