Лула побарал од Путин да го продолжи примирјето во Украина

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва побарал од рускиот претседател Владимир Путин да го продолжи тридневниот прекин на огнот во Украина, кој Русија еднострано го прогласи, и да го прифати предлогот на Украина за прекин на огнот во траење од најмалку 30 дена, објави денес „Глобо“, повикувајќи се на извори во бразилската влада.

Извори за бразилскиот портал изјавиле дека Путин ги пофалил напорите на Бразил, но не одговорил на предлогот на Лула за подолго примирје.

Пред да замине за Кина од Москва порано денес, Лула им потврди на новинарите дека разговарал со Путин за мирот во Украина, за кој рече дека е важен на глобално ниво.

Слични содржини