Јас, Ѓоко и Лука во моментот сме во Унгарија и сме безбедни. Поминавме огромна голгота и изнагледавме многу лоши слики по патиштата низ Украина во овие 3 дена, напиша семејството кое се евакуираше од земјата.
Се заблагодарија за постојаната поддршка која ја добивале од овдешните власти и амбасадорот и им посакаа на сите луѓе кои се наоѓаат во Украина безбедно да стигнат во своите домови, а на украинскиот народ што побрзо поврорно да живее во мир.