Lyft пренеле над 50.000 патници во автономни автомобили

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Во мај 2018 година, Aptiv објави повеќе од дваесетина автономни автомобили на улиците на Лас Вегас, кои работат за Lyft. Уште во август 2018 година, нарачките беа над 5.000, и оттогаш бројот се искачи на неверојатни 50.000.

Оценките се исто така добри. Просечната оценка на патувањата е 4,97 од 5 ѕвезди. 92% од луѓето се чувствувале „многу“ или „исклучително“ безбедно за време на возењето, а за 95% било прво возење во автономен автомобил.

Според Lyft, програмата Aptiv е најголема од ваков вид во САД во моментов, но во оваа фаза услугата е достапна само во регионот Лас Вегас.