„Lyle, Lyle, Crocodile“: Шон Мендес со прва главна улога

од Vladimir Zorba
706 прегледи

Шон Мендес со својата прва главна филмска улога. Тој ќе го гласи главниот лик во „Lyle, Lyle, Crocodile“.

23-годишната поп ѕвезда ќе го „озвучи“ главниот лик во адаптацијата на големиот екран на класичната детска приказна на Бернард Вебер, на Вил Спек и Џош Гордон.

Пејачот на хитот „Nothing Holding Me Back“ се приклучува на ѕвездената екипа, вклучувајќи ги Хавиер Бардем, Констанс Ву и Винслоу Фегли.

Објавена во 1965 година, саканата детска приказна е за рептил кој живее во куќа на улица во Њујорк. Премиерата на филмот е закажана за 18 ноември 2022 година.

Минатиот месец, Шон беше принуден да го одложи британскиот и европскиот дел од неговата светска турнеја Wonder World за повеќе од една година. Тој требаше да замине во март оваа година на серија концерти, но поради неизвесноста предизвикана од пандемијата на коронавирус, тој и неговиот тим донесоа „навистина тешка одлука“ да ја одложат турнејата до мај 2023 година.

Иако годинава нема да има концерти, Шон е сепак многу зафатен.

Тој додаде: „Работам на еден куп нова музика! Едвај чекам да ја слушнете“.

Канадската ѕвезда сега ќе ја започне својата светска турнеја во јуни со првиот од двата концерти во Северна Америка.

Слични содржини