Мајли Сајрус конечно откри на кого ја посветила песната Flowers

од Stefanija Kuzmanovska
247 прегледи

Пејачката Мајли Сајрус неодамна ја објави песната „Flowers“ која за две недели на YouTube е прегледана 139 милиони пати.

Многумина претпоставуваа дека пејачката оваа песна му ја посвети на нејзиниот поранешен сопруг Лиам Хемсворт, а многу жени овој хит го гледаа како „химна на самољубието“.

Пред неколку дена Мајли се огласи на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите кои ја поддржуваат и ја слушаат нејзината песна, а потоа откри на кого ја посветила.

„Ви благодарам што ја направивте Flowers број еден во светот. Оваа песна е посветена на сите мои фанови и постојаната љубов кон себе која ја посакувам на секој од вас. Засекогаш благодарна, Мајли“, напиша пејачката.

Слични содржини