Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) има информации дека клучните згради во иранскиот истражувачки центар за тешка вода во Хондаб се оштетени во израелските напади, вклучително и единица за дестилација, соопшти агенцијата денес на платформата X.
Соопштението дојде откако МААЕ вчера процени дека реакторот бил погоден, но дека немало радиоактивни последици, објави Ројтерс.
МААЕ вели дека ураниумот во Иран достигнал збогатување од околу 60 проценти – односно е на добар пат да биде доволно концентриран за нуклеарно оружје.