МААЕ: Нуклеарната централа Запорожје е безбедна и покрај гранатирањето

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска контрола, е безбедна и покрај гранатирањето викендов кое предизвика голема штета, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откако нејзините експерти го обиколија објектот.

Потврдено е дека и покрај силното гранатирање, клучната опрема остана недопрена и нема загриженост за нуклеарната безбедност, се вели во соопштението на МААЕ, пренесено од Ројтерс.

Во неделата МААЕ го осуди нападот на нуклеарната централа Запорожје и побара од оние што стојат зад нападот веднаш да го прекинат.

Слични содржини