Иран почна да произведува збогатен ураниум со шеесет проценти чистота во својата подземна фабрика иФордо, покрај производството на тоа ниво на чистота што го врши во Нантанц од април 2021 година, потврди денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
МААЕ ќе го информира Иран за својата намера да ја зголеми фреквенцијата и интензитетот на активностите за верификација, рече генералниот директор на организацијата, во изјавата што ја пренесе агенцијата Франс прес.
Иранските официјални медиуми денеска објавија дека Иран почнал да произведува збогатен ураниум со 60 проценти чистота во подземната нуклеарна централа Фордо како одговор на нуклеарната резолуција на Обединетите нации.
Иран веќе произведува ураниум со чистота од 60 проценти во својата нуклеарна постројка Натанц во централен Иран.
Збогатувањето од 60 отсто е под 90 отсто потребни за производство на оружје, но многу над 20 отсто произведени пред нуклеарниот договор на Иран со меѓународните сили во 2015 година.