300
Руските сили повторно поставија мини во нуклеарната централа Запорожје, која ја контролираат, се наведува во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
„Мини долж периметарот на НЕ Запорожје во тампон зоната помеѓу внатрешната и надворешната ограда на објектот, претходно идентификувани од тимот на МААЕ и отстранети во ноември 2023 година, сега се повторно на своето место“, се вели во извештајот на МААЕ во петокот.
Соопштено е и дека оваа недела имало неколкучасовен прекин на резервното снабдување на енергетските единици и дека се истражува причината, пренесува Укринформ.