273
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја осуди привремената руска окупација на нуклеарната централа во Чернобил како многу опасна и понуди да и помогне на Украина да ја поправи штетата на таа централа.
„Ситуацијата беше апсолутно ненормална и многу, многу опасна“, изјави Рафаел Гроси, генералниот директор на МААЕ, на новинарите пред електраната на 140 километри северно од Киев, пренесе Хина.
Гроси, исто така, рече дека МААЕ и Украина во Чернобил ќе ги обноват „сите капацитети и инфраструктура таму што беа оштетени во последните неколку недели“.