Никој од киднапираните ривали на Вељко Беливук, наречен Веља Невоља и неговата десна рака Марко Миљковиќ не биле убиени со огнено оружје, дознава „Блиц“. Сите ги чекало многу пострашна судбина – биле мачени до смрт според сценариото на филмови за колумбиската мафија.
Беливук и неговиот пријател Марко Миљковиќ, познат под прекарите „Звер“ и „Касап“, ги измачувале киднапираните со најсурови мерки – ги пржеле со струја, им отсекувале делови од телата како прсти и јазици, извадиле неколку очи. Според оперативните податоци, тортурата траела со часови, а понекогаш и цел ден.
– Едноставно, се додека тоа би им било интересно – вели изворот на „Блиц“ близок до истрагата.
Изживувањето до смрт било извршено во тајна просторија специјално направена во куќата во Ритопек, која подоцна беше откриена благодарение на соработник сведок, член на кланот, кој се согласил да соработува со полицијата. Во неа се пронајдени траги од крв, кои членовите на групата на Беливук и Миљковиќ не ги чистеле детално.
ДНК на Лазар Вукичевиќ, кој исчезна во октомври минатата година, содржи најмногу траги во тајната просторија. Вукичевиќ бил измачуван најдолго, а според оперативните податоци, причината е личен конфликт – тој се спротивставил на Веља Невоља.
Уништување на телото во мелница за месо
Кога жртвата ќе умрела од бројни рани предизвикани од тортура, деловите од телото би биле вметнати во индустриска мелница за месо што била пронајдена во тајна просторија.
Извор од „Блиц“ наведуваат дека групата на Беливук и Миљковиќ најверојатно ги фрлале мелените остатоци во Дунав, што воедно е и најблиската „безбедна“ дестинација во близина на Ритопек. Како што стојат работите сега, скоро е невозможно да се пронајдат остатоци од жртвата. Очигледно е дека Беливук и Миљковиќ сметале дека „нема дело без тело“ и дека нема да може да бидат поврзани со ликвидациите.
Полицијата го копа дворот околу куќата на ужасите
Последните неколку дена, откако беше откриена тајната соба, полицијата копала во дворот на куќата на ужасите. Според неофицијални информации, плочки, делови од ѕидот од тајната просторија биле земени и за обработка, а дворот се раскопува во потрага по нови докази.
Да потсетиме, во куќата во Ритопек, во која беа убиени најмалку пет жртви на суровиот белградски клан, пронајдени се бројни траги на ДНК, повеќето од нив во тајна просторија.
Во оваа просторија е пронајден и огромен арсенал оружје што го користела „војската“ на Беливук. Судејќи според видот на оружјето и експлозивите што ги имале, истражните органи сметаат дека кланот планирал и ликвидација на лице кое има силно обезбедување или се вози со блиндиран автомобил.