Machine Gun Kelly неодамна се појави на поткастот Dumb Blonde и откри дека се пријавил на рехабилитација во август 2023 година и оттогаш е трезен.
– Не пијам повеќе. Не пијам од минатиот август – изјави музичарот кој отиде на рехабилитација по завршувањето на европската турнеја во 2023 година.
Тој додаде дека на рехабилитација научил да управува со своето тело и да се справува со гневот. За неговата целосна присебност, призна раперот, многу му помогнала Меган Фокс.
– Се уште го прифаќам фактот дека ова патување ќе ми биде тешко. Многу сум строг кон себе, но среќен сум што се чувствувам доволно пријатно да им покажам на луѓето кој сум – рекол тој.
Вели дека претерал со алкохол и марихуана, но дека користел и други супстанци како кокаин и хероин.
– Целосно сум исчистен од се – заклучи тој.
Инаку, раперот и актерката се заедно од 2020 година, а оттогаш неколку пати раскинуваа и се смируваа. Тие се верија во јануари 2022 година, а потоа ја раскинаа веридбата.
Меган не откри која е причината за колапсот на нивната љубов, но рекла дека раперот „секогаш ќе и биде сродна душа и дека секогаш ќе има некаква врска со него“.