Мачка преживеа пад од висина од 115 метри во кој загинаа две лица

од Milan1
29 прегледи

Мачка по име Мираж преживеа пад од 115 метри во кањонот Брајс во Јута, при што загинаа две лица, соопштија денес локалните власти.

Според Џуд Батиста, главен службеник на засолништето за животни „Бест Френдс“ во Канаб, Јута, станува збор за шарена мачка стара околу 12 години, објавува „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

Батиста рече дека мачката била пронајдена во „црна мека кутија која била валкана и искината“ и иако Мираж претрпе повреди, се очекува таа целосно да се опорави.

„Таа е многу мила девојка и се опоравува многу добро. Навистина е извонредно“, рече Батиста.

Мачката била пронајдена во близина на телата на 45-годишниот Метју Нунен и 58-годишниот Бејли Крејн, кои биле идентификувани од полицијата во четврток, според соопштението за медиумите од канцеларијата на шерифот на округот Гарфилд.

Засега не е познато дали „Миражот“ им припаѓал на Нанен и Крејн, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини