205
Постариот брат на Мадона, Ентони Чиконе, почина на 66-годишна возраст, а популарната пејачка сега се огласи по овој повод.
Кралицата на попот на својот Инстаграм профил сподели фотографија со својот брат, на која се прости од него со зборови на благодарност.
„Ентони, ти благодарам што ме запозна како младо девојче со Чарли Паркер, Мајлс Дејвис, будизмот, таоизмот, Чарлс Буковски, Ричард Брајтон, Џек Керуак и експанзивното размислување ‘надвор од кутијата’“, напиша Мадона и додаде:
„Посади многу значајни семиња во мојот живот“.