Мадона ги изненади фановите со нова боја на коса: „Ми недостигаше мајка ми…“

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Мадона ги изненади своите обожаватели со објави на Инстаграм приказни каде што ја покажа својата нова боја на коса.

Во описот на фотографиите таа напиша: „Ми недостигаше мајка ми, па ја повикав“. Мадона откри дека станува збор само за перика, а не за трајна промена на нејзиниот имиџ.

Нејзината мајка, Мадона Луиз Фортин Чиконе, почина во 1963 година од рак на дојка на 53-годишна возраст, кога пејачката имаше само пет години. Во својот документарец, Мадона опиша како се чувствувала по смртта на нејзината мајка.

„Тоа беше најголемиот настан во мојот живот. Беше како да ми е искинато парче од срцето. Бев принудена брзо да пораснам и да ја разберам смртта на мајка ми, како и да ги разберам психолошките работи и сè што се случуваше во тоа време. Мислам дека беше премногу за едно дете“, рече таа.

За потсетување, Мадона неодамна сподели ретки фотографии со своето ново момче, 38 години помладо од неа, поранешниот американски фудбалер Акиме Морис.

Таа објави серија фотографии од неговата забава по повод 29-тиот роденден, која се одржа во ноќен клуб во Мајами.

„Среќен роденден на мојот омилен Бик. Беше ноќ за паметење“, напиша таа во описот на објавата.

Слични содржини