Мадона ги собори сите рекорди: Билети за нејзин концерт чинат повеќе од 15.000 евра

од Stefanija Kuzmanovska
517 прегледи

Мадона наскоро ќе ја започне долгоочекуваната турнеја „Celebration“, со која ќе одбележи четири децении од нејзината кариера.

Кралицата на попот продолжува да работи по компликациите со здравствената состојба, а наскоро ќе ја започне турнејата која нејзините обожаватели долго време со нетрпение ја очекуваа.

Своите први концерти Мадона ќе ги одржи во Лондон, поточно во О2 арената каде пред околу 80.000 фанови ќе ги изведе своите најголеми хитови.

Пејачката ќе настапува во речиси сите светски метрополи, а цените на билетите ја шокираа јавноста. Најголемите обожаватели на Мадона во Лондон мораа да издвојат од 300 до 5.900 евра за нејзиниот настап. Сепак, и покрај превисоките цени, останаа само 88 билети.

Ништо подобра не е ситуацијата во Милано, каде билетите се движат од 300 до 15.454 евра. Овде останаа помалку од 200 влезници, а според проценките на светските медиуми, кралицата на попот би можела да постави нов рекорд во заработка од настапи со ова темпо.

Но, оваа титула нема да претставува престиж за неа бидејќи веќе е на врвот на листата откако заработи 411 милиони долари за време на турнејата „Sticky and sweet“ во 2008 и 2009 година.

Да потсетиме, турнејата на Мадона првично беше одложена поради нејзината влошена здравствена состојба. Имено, пејачката поради бактериска инфекција заврши во болница, но успешно се опорави, а неодамна во кругот на најблиските пријатели го прослави својот 65-ти роденден.

Слични содржини