По речиси 40 години на сцената, поп-кралицата Мадона (63) сè уште успева да ги шокира своите обожаватели. Таа овој пат на социјалните мрежи објави серија несекојдневни фотографии во разголено издание.
Мадона е фотографирана како изведува акробации на креветот, но и под него. Носеше само танга, мрежести чорапи, штикли и градник.
На две фотографии таа покажа гола брадавица. Исто така, на една фотографија се вовлекла под креветот и во преден план го ставила задникот.
– Ме чуваат ангели – напишала пејачката во описот на објавата, мислејќи на статуата на ангел кој виси над нејзиниот кревет.
Иако собра повеќе од милион лајкови на фотографиите, таа заработи и бројни критики од фановите.
„Тој кутар ангел работи дополнителни смени за тебе“, се пошегува еден од фановите.
„Што ти се случи?“, „Престани да го фотошопираш лицето толку“, „Итно најди ново хоби“ и „Подобра си од ова“, и напишале шокираните обожаватели.