Мадона позираше со новото момче, 38 години помладо од неа: Заедно го прославија неговиот роденден

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Поп-иконата Мадона сподели фотографии на својот Инстаграм со своето ново момче, поранешниот американски фудбалер Акиме Морис.

Имено, таа објави серија фотографии од прославата на неговиот 29-ти роденден, која се одржа во ноќен клуб во Мајами.

„Среќен роденден на мојот омилен Бик. Беше ноќ за паметење“, напиша таа во описот на објавата.

На една од фотографиите, Мадона и нејзиното момче позираа прегрнати, а таа објави и видео во кое пее роденденска песна додека Морис позира пред торта со свеќи.

„Се што можам да кажам е благодарам. Tи благодарам жено, ви благодарам на сите што дојдоа да прослават со мене синоќа. Ви благодарам на сите што работеа зад сцената за да создадат незаборавна атмосфера. Многу ми значеше да бидам во иста просторија со луѓе што ги сакам и почитувам. Беше посебна вечер, а енергијата во просторијата беше полна со љубов“, напиша Морис.

Децата на Мадона, Мерси, и близначките Стела и Естер, исто така присуствуваа на прославата. Тврдењата за нивната врска се појавија во јули 2024 година, кога пејачката објави фотографија со фудбалерот на Инстаграм.

Тие неодамна објавија видео на TikTok во кое се придружија на трендот со рекреирање на танцот од серијата „Принцот од Бел Ер“ додека во позадина свиреше песната „Anxiety“ од раперот Доечи, а Мадона тогаш се појави без шминка.

Слични содржини