Кралицата на поп музиката, Мадона откри дека во моментов повторно се чувствува лошо, само седум дена откако ја започна својата 78-дневна светска турнеја.
Таа мораше да ја одложи гореспоменатата турнеја откако доби бактериска инфекција, но сега откри дека повторно не се чувствува добро.
На концертот во Белгија, како што истакна, итната здравствена ситуација ја натерала да размисли за нејзината мајка Мадона Луиз Чиконе, која починала од рак на дојка на 33-годишна возраст.
– Одеднаш стекнав симпатии и емпатија кон мајка ми, за тоа колку се чувствувала осамено во болница, знаејќи дека нема да преживее, и добив уште една шанса – рекла таа.
Мадона тогаш откри дека повторно не се чувствува добро.
– Морам да ви кажам дека не се чувствувам добро во моментов. Но, не можам да се пожалам затоа што сум жива. Фала му на Бога за моите деца и за сите вас, и за сета ваша љубов и поддршка. Навистина го ценам тоа. Пред помалку од четири месеци бев во болница, бев во несвест и луѓето мислеа дека нема да успеам. Чудо е што сум тука сега. Мајка ми, дај боже, мора да ме чува, рече: „Девојко, не е време да си одиш“ – додала пејачката.