Мадона прво ја разочара публиката со својот настап, а сега се соочува со казна од 300.000 фунти

од Stefanija Kuzmanovska
661 прегледи

Поп ѕвездата Мадона би можела да се соочи со огромна парична казна поради кршење на законот.

Откако го прекрши строгото правило поврзано за полициски час на концерт во Лондон, таа може да биде казнета со 300.000 фунти.

Мадона ја започна својата турнеја „Celebration“ во Лондон во саботата.

Иако таа вечер извела настап долг 140 минути, следната вечер имала проблем. Мадона била принудена да го скрати својот настап поради технички проблеми, но сепак го надминала дозволеното време.

Концертот во О2 арената траеше 30 минути подолго од дозволеното и наместо до 22:30, таа пееше половина час подолго. Покрај тоа, таа не стигнала на сцената пред 21 часот, а обожавателите ѝ порачаа дека можат да останат без ноќен превоз.

Таа не ги испеа некои од најголемите хитови, што ги налути нејзините обожаватели кои се побунија на социјалните мрежи.

Пејачката се соочува со казна до 300.000 фунти, односно како што пишува „Дејли мејл“ секоја минута чини 10.000 фунти.

Мадона се уште не објавила ништо во врска со ова, а многумина ја очекуваат нејзината реакција.

Слични содржини