Мадона е позната како личност која сака да ја шокира јавноста, како и да им приредува изненадувања на своите фанови.
Така сега реши да прослави 30 години од објавувањето на нејзината еротска фото книга „Секс“.
Кога беше објавена, оваа книга крена голема прашина во јавноста, а многумина ја сметаат за пресвртница во кариерата на пејачката.
View this post on Instagram
Затоа сега Мадона реши да објави ново, ограничено издание на оваа книга во 800 примероци.
View this post on Instagram
Како што најавија, ќе се одржи и изложба, со што првпат овие нејзини фотографии ќе бидат прикажани во голем формат и изложени. На нејзината официјална веб-страница беше објавено дека пејачката ќе потпише одреден број примероци, а целиот приход од купувањето ќе оди во хуманитарни цели за организацијата „Raising Malawi“.
Мадона книгата и изложбата ги објави на својот Инстаграм профил, позирајќи во провокативно издание.