Пејачката Мадона се огласи на Инстаграм по одлуката на Врховниот суд на САД да го поништи правото на абортус.
Ова предизвика бројни протести, а бурните реакции веќе беа на сила порано кога беше одлучено да се забрани абортусот во Тексас.
Мадона е една од многуте јавни личности кои јавно го кажаа својот став на оваа тема.
„Се плашам за моите ќерки, се плашам за сите жени во Америка, едноставно се плашам. Законодавството одлучи дека, како жени, повеќе немаме права над нашите тела. Оваа одлука ме турна мене и секоја друга жена во оваа земја во длабок очај“, започна Мадона, додавајќи:
„Претпоставувам дека Бог го стави овој товар на нашите рамења токму сега затоа што знаеше дека сме доволно силни за да го издржиме“.
Пејачката на споменатата социјална мрежа објави фотографии со своите ќерки, но и многу други жени.