Мадона за време на концерт откри која личност ѝ го спасила животот

од Stefanija Kuzmanovska
263 прегледи

Пејачката Мадона моментално е на турнеја која ја одложи претходно поради здравствени проблеми и лекарите се бореа за нејзиниот живот.

Таа за време на концертот во Њујорк испрати специјална благодарница до својата пријателка Шевон.

„Има неколку многу важни луѓе овде вечерва кои беа со мене во болница. Има една многу важна жена која ме одвлече во болница“, започнала Мадона, пренесува „Пипл“.

„И не се сеќавам… се онесвестив на подот во бањата и се разбудив на интензивна нега. Бев во индуцирана кома 48 часа. Таа ми го спаси животот. Ти благодарам, Шевон“, додаде пејачката.

Потсетуваме, Мадона 48 часа беше во индуцирана кома поради бактериска инфекција.

Слични содржини