Мадрид е напнат -Каталонија подготвена за предвремени избори и за гласање за незваисност

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Подготвеноста на Каталонија да распише предвремени регионални избори на 27 септември, кои воедно би биле и гласање за независност на покраината од Шпанија, ги зголеми тензиите во односите со централната Влада.

561179C260C59C4486A1C95CC5DD90DE

Во случај сеционистичките партии да освојат мнозинство ќе инсистираат Каралонија да се одвои од Шпанија во рок од 18 месеци, без оглед на спротиставувањето на властите во Мадрид.

Каталонската Влада веќе почна да ги подготвува државните институции, кои брзо би можеле  да ги преземат работите, ако победи групата за незавосност.

– Ние сме подготвени, неколку пати повторува каталонскиот претседател Артур Мас.

Минатата недела каталонските функционери ги претставија плановите за иданата даночна агенција со што се отвора патот јавната кредитна институција да прерасне во каталонска централна банка./МИА