Мадуро сака поддршка од Кина на патот на Венецуела кон членство во БРИКС

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави денеска дека сака Кина да ја поддржи Венецуела во нејзините напори да се приклучи на групата БРИКС и додаде дека постоечките односи меѓу Кина и Венецуела можат да послужат за зајакнување на тој блок.

Мадуро, кој е во официјална посета на Кина, изјави дека Венецуела ќе стане членка на БРИКС како земја со најголеми резерви на нафта во светот, пренесе Блумберг.

Тој изрази надеж дека кинеските инвестиции во Латинска Америка и Карибите ќе се зголемат, пренесе Танјуг.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави претходно оваа година дека ќе ја поддржи кандидатурата на Венецуела да се приклучи на БРИКС, чии членови сега, покрај Бразил, ги вклучуваат Индија, Кина, Јужна Африка и Русија, а од 1 јануари следната година, ќе станат и Иран, Саудиска Арабија, Аргентина, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Етиопија.

Слични содржини