Мафијашки бос чело на парламент – и што?

од desk3
93 прегледи

Се смета дека тој е глава на наркокартел во Венецуела. Ништо чудно во тоа, ако не стануваше збор за шеф на парламентот на земјата Диосдадо Кабело. Гнасна клевета или самата вистина се обвиненијата против него?

0,,18228757_303,00
Уште минатото лето Диосдадо Кабело изгледа забележал дека нешто не е во ред со шефот на неговата лична безбедност Леамси Салазар, како што тој соопшти тогаш пред колумбиска радиостаница. Непосредно пред тоа шпанскиот весник “ABC” најави дека пред американските власти дека Салазар го посочил Кабело како една од водечките фигури во трговијата со дрога во Венецуела. Набедениот парламентарен шеф ги негираше обвинувањата и дури се закани со суд за ширење лажни информации.

“Клеветничка кампања”

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го поддржа својот заменик по партиска линија и го окарактеризира тврдењето како дел од хајка поддржана од САД затаканаречената “Боливарска револуција”. Односите меѓу САД и Венецуела се сериозно затегнати, особено откако пред неколку месеци американските власти воведоа санкции против членови на Владата во Каракас – поради кршење на човековите права. Во меѓувреме и “Волстрит џурнал” објави дека американските власти истражуваат високи државни функционери во Венецуела под сомнение дека ја претворија земјата во центар за шверц на кокаин и перење пари од дрога, вклучувајќи го и претседателот на Националниот собрание на Венецуела Диосдадо Кабело.

Набедениот парламентарен шеф поднесе тужба против три венецуелски изданија кои ги проширија информациите на шпанскиот “ABC”, а кон крајот на минатата недела судијка за овие дела издаде забрана за напуштање на земјата против 22 новинари од трите изданија, под истрага за “тешки клевети “. Ова сепак не е доволно да се избришат обвиненијата против Кабело за неговите врски со наркомафија – уште повеќе, дека тие воопшто не изгледаат измислени.
Важен крстопат на патот на дрогата

0,,16654355_401,00

“Во последниве години Венецуела стана нешто како дистрибутивна станица за меѓународната трговија со дрога”, вели за ДВ американскиот политички советник Даглас Фара. За тоа зборува и значително зголемената потрошувачка на дрога во земјата, додаде тој: “наркокартелите почнаа да плаќаат со дрога на попатните трговци и другите посредници кои пак ја продаваат дрогата, за да претворат ” стоката “во пари”, објаснува поранешниот дописник на “Вашингтон пост” во колумбиската престолнина Богота. Тој тврди дека уште од 2008 година има докази дека високи владини функционери ги затвориле очите за нелегалната трговија, за да заработат од неа. “За тоа зборуваат сведочењето на голем број сведоци, податоците на американската служба за борба против дрогата DEA и зачестените случаи на откриени кокаински пратки од венецуелски аеродроми кон други земји во Централна Америка”, вели Фара.

Кон оваа слика се вклопува совршено она што го тврди Леамси Салазар. Можно е тој да има и лични мотиви за нападот против парламентарниот шеф. Но е вистина исто така е дека како поранешен близок соработник на Кабело тој знае многу за патиштата по кои се финансира владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела PSUV.

Вториот човек во државата

Диосдадо Кабело беше еден од најблиските соработници на покојниот основач на партијата Хуго Чавез. Во 1992 година двајцата учествуваа во неуспешниот обид за државен удар. Долго време Кабело, кој е поранешен офицер на воздухопловните сили, играше важна улога во владејачката партија од својот сопартиец и актуелен претседател на земјата Мадуро. Заземал различни министерски места и дури неговото име се споменува како можен наследник на Чавез, кога се дозна дека тој е смртно болен од рак. Со благослов на Чавез сепак шефофската позиција во партијата беше наследена од Мадуро, кој подоцна стана и претседател на земјата. Оттогаш партијата е поделена на два табора – во едниот се националистите на Кабело, блиски до армијата, а во другиот се разгласуваат правоверните Чави околу Мадуро.
Против оваа позадина периодично се појавуваат информации како војската можела да го собори Мадуро. Обично тоа се гласини дистрибуирани од опозицијата. Но тие звучат сосема веродостојно, бидејќи сега власта веќе не се крепи на квалитетите на една личност, како своевремено при Хуго Чавез. Уште повеќе, што внатре во партијата Кабело е сметан за мудрецот од двајцата политичари и очигледно е супериореј. На него сепак му треба Мадуро, кој ги држи во рацете сеуште бројните приврзаници на Чавез – вклучувајќи и надвор од владејачката партија.

Не можат еден без друг

Ако американските власти успеат да докажат дека Диосдадо Кабело навистина е вмешан во меѓународната трговија со дрога, тоа ќе му нанесе тежок удар. “Во странство веќе тој ќе биде никој, во Латинска Америка имиџот ќе му настрада сериозно, а опозицијата во Венецуела ќе добие нови аргументи против него”, посочува Фара. Само во внатрешно-политички план нема да се промени ништо. “Кабело и Мадуро имаа потреба еден од друг, за да се задржат на власт. Затоа и оваа епизода нема да доведе до судир меѓу двајцата”, убеден е политичкиот набљудувач.