Мафијашки погреб го разбранува Рим, за сиромаштијата и црквата со двоен аршин…

од desk3
116 прегледи

Жителите на Рим беа револтирани од погреб во холивудски стил на локален криминален бос, што вклучуваше позлатена кочија, влечена од шест црни коњи, ливчиња од роза, фрлени од хеликоптер, и музика од филмот “Кум”, извршена пред црквата, пренесоа американските медиуми.

Стотици ожалостени се простија со 65-годишниот Виторио Казамоника во црквата Сан Џовани Боско во периферијата на Рим. Полицијата го идентификува како лидер на кланот Казамоника, активен во југозападниот дел на главниот град, но прецизира дека тој бил во периферијата на организираниот криминал и не е меѓу осомничените во последните истраги против мафијата.

“Ти го освојуваа Рим, сега ќе освојуваат рајот”, пишуваше на постер, закачен на влезот на црквата. “Царот на Рим”, пишуваше на друг, на кој беа прикажани Казамоника, Колосеумот и базиликата “Свети Петар”.

Градоначалникот Игнацио Марино го повика префектот на Рим, барајќи да дознае како може да се случи вакво нешто пред црква и изјави на Twitter дека “е неподнесливо погреби да се користат од страна на живите за испраќање на мафијашки пораки”.

Парохискиот свештеник рече дека нема контрола над она што се случува надвор од црквата, додека внатре погребот поминал нормално, соопшти агенција АНСА.

Законодавци изразија незадоволство од сцените кои беа прикажани на телевизија попладне и во вечерните вести: шест црни коњи влечат античка златно-црна кочија и застануваат пред црквата каде оркестар свиреше занесена музика од филмот “Кум”, а ужалените ставаат букети со цвеќе врз ковчегот додека го внесуваат во храмот. Во еден момент ниско прелетува хеликоптер пушта ливчиња од црвени рози над насобраните.

Погребот беше еден ден откако судијата го закажа на 5 ноември почетокот на судењето против 59 лица обвинети во рамките на истрага против мафијата во главниот град, каде според тврдењата локални криминални шефови ги цементирале врските со политичари во градот за поволни јавни набавки, забележуваат агенциите .

Неколку коментатори се изразија иронија во тоа што на наводниот криминален бос беше дозволено екстравагантен погреб во црква, додека во 2006 година во истата црква беше одбиен погреб на Пиерџорџо Велби кој се претвори во симбол на италијанското движење во поддршка на еутаназијата. на Велби кој имаше мускулна дистрофија и не можеше да се храни, зборува или да дише сам, му се ствари желбата да умре во декември 2006 година, кога лекар ги исклучи респираторните апарати. Неговиот случај ја подели католичка Италија, но верските власти му откажаа црковен погреб, со образложение дека така би легитимирала однесување кое е против божјите закони.