209
Состојки:
– 150 гр путер
– 120 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 2 јајца
– 50 мл сок од лимон
– 260 гр брашно
– 2 лажички прашок за пециво
– 2 лажици мелени бадеми
Прелив:
– 150 гр шеќер во прав
– 2 лажици сок по желба
Подготовка:
Подгответе 12 калапи за мафини.
Изматете ги путерот и шеќерот додека не се стопи целиот шеќер.
Потоа додавајте едно по едно јајце, сок од лимон и брашно измешано со прашок за пециво, бадеми и ванилин шеќер.
Мешајте додека се добро да се соедини.
Наполнете ги калапите со смесата и печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути.
Оставете ги да се изладат, а потоа прелијте ги со една лажичка добро изматен шеќер и сок по желба.