Мафини со банани и чоколадо

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Сочни мафини со банани и чоколадо.

Состојки:

– 3 банани

– 250 гр брашно

– 100 гр шеќер

– 1 лажичка цимет

– 1 ванилин шеќер

– 2 лажички прашок за пециво

– 1/2 лажичка сода бикарбона

– 2 јајца

– 100 мл масло

– 60 гр чоколадни парчиња

Подготовка:

Подгответе калап за 12 мафини обложени со хартиени корпи.

Бананата изгмечете ја со вилушка, па додадете ги јајцата, маслото, шеќерот и постојано мешајте.

Потоа додадете ги сите суви состојки и парчињата чоколада и полека измешајте додека убаво не се соедини.

Тестото поделете го во калапи и печете ги мафините во загреана рерна на 190 степени околу 25 минути.

Изладените мафини украсете ги по желба.

Слични содржини