234
Мафини прелиени со глазура од бело чоколадо.
Состојки:
– 200 мл јогурт
– 200 гр брашно
– 100 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 1/2 кесичка прашок за пециво
– 4 лажици масло
– 2 јајца
– 100 гр бело чоколадо
– 50 гр мелени лешници по желба
Подготовка:
Чоколадото растопете го на пареа.
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Измешајте ги брашното и прашокот за пециво, па додајте ги во изматените јајца, јогуртот, шеќерот, ванилиниот шеќер и маслото.
Замесете тесто, па наполнете ги калапите за мафини кои претходно ги премачкавте со масло и ги посипавте со брашно.
Печете околу 20 минути додека малку не поруменат, па почекајте да се изладат и извадете ги од калапот.
Прелијте ги со глазурата од бело чоколадо и по желба посипете со мелени печени лешници.