Мафини со овесни снегулки и боровинки

од Stefanija Kuzmanovska
496 прегледи

Состојки:

– 150 гр боровинки

– 140 гр шеќер

– 1/2 лажичка цимет

– 2 лажички прашок за пециво

– 80 гр путер

– 2 јајца

– 200 гр павлака

– 2 лажици овесни снегулки

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.

Изматете ги јајцата и шеќерот додека не станат кремасти, а потоа додадете го омекнатиот путер и постојано мешајте со додавање на павлака и на крај сите суви состојки.

Кога се добро ќе се соедини, исклучете го миксерот и додадете ги боровинките, па измешајте со лажица. Наполнете ја смесата во калапи и печете ги мафините околу 25 минути.

Слични содржини