МАФИНИ СО ТИКВИЧКИ И КОМПИРИ: Додадете го и ОВОЈ НАМАЗ и ќе бидат неверојатно сочни и вкусни, мора да ги пробате!

од Vladimir Zorba
544 прегледи

Дали сакате мафини? Во овој рецепт ќе најдете одличен начин да направите мафини вкусни, но не и толку нездрави. Ова е верзија помеѓу, не премногу здрава, но не и целосно нездрава.

Можете да погледнете и предлог за намаз од краставици кој одлично се вклопува со овие мафини, па доколку имате време, пробајте го веднаш!

Состојки:

Една тиквичка
Еден компир
50 милилитри млеко (околу половина чаша)
Три лажици гриз
Копар и магдонос (или други зачини, ако го немате)
50 грама сирење
Две јајца
70 грама брашно
Една лажица прашок за пециво

Подготовка:

Изрендајте ги тиквичките, а потоа исцедете ја водата. Излупете ги компирите, не е неопходно да се варат. Во тиквичките додадете млеко и гриз. Изрендајте ги и компирите, а доколку немате, можете да ги замените со тиквичка. Исто така, исцедете го вишокот вода од компирот.

Свежиот копар и магдоносот ситно се сечкаат, па се додаваат во смесата со компири. Изрендајте го сирењето. Во смесата со тиквички и компир додадете морска сол, крупна сол, рендано сирење и две лажици масло (големи). Јајцата се матат додека не станат како пена.

Соединете ги брашното и прашокот за пециво, па додајте во смесата. Измешајте го брашното со смесата. Подмачкајте ги калапите со масло. Во калапите истурете околу две лажици од смесата.

Печете на 180 степени 20 минути.

Додека се печат мафините, можете да изрендате неколку кисели краставички, маслинки и да исечкате копар. Сè соединете со малку лук и две лажици кисела павлака. За подобар вкус, додадете две лажици мајонез.

На здравје!

Слични содржини