Мафини со вишни и бело чоколадо

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Состојки:

– 130 гр мек путер

– 100 гр бело чоколадо

– 3 јајца

– 150 гр шеќер

– 1 ванилин шеќер

– 350 гр брашно

– 2 лажички прашок за пециво

– 140 мл павлака за готвење

– вишни, количина по избор

Подготовка:

Подгответе 12 калапи за мафини. Се матат путерот и шеќерот додека не се растопи целиот шеќер, па се додава едно по едно цело јајце со постојано матење.

Потоа додадете брашно измешано со прашок за пециво и ванилин шеќер. Додадете ја павлаката, па матете додека не се соедини.

Додадете ситно сечкано бело чоколадо и вишни, па полека измешајте со лажица. Наполнете ги калапите со смесата и печете на 180 степени околу 25 минути.

Слични содржини