Мафини со зеленчук

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Состојки:

– 4 млади главици кромид

– 1 тиквичка

– 1 црвена пиперка

– 40 мл масло

– сол, бибер

– 200 гр јогурт

– 1 јајце

– 300 гр брашно

– 1/2 кесичка прашок за пециво

– 2 моркова

– 100 мл млеко

Подготовка:

Зеленчукот исечкајте го на коцки, па кратко пропржете на малку масло. Зачинете со сол и бибер и оставете да се излади.

Подгответе калап за 12 мафини и по желба премачкајте со масло или покријте со хартиени корпи. Соединете ги сите состојки и добро измешајте со лажица. Зачинете по вкус.

Тестото поделете го во калап и печете ги мафините во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути додека не добијат убава кафена боја.

Слични содржини