Италијанскиот Automobili Maggiore го најавува Ferrari 308 GTS restomod со турбо мотор кој има дури 600 КС.
Наречен GranTurismO, тој има за цел да ги „задоволува барањата на оние клиенти“ кои ги сакаат 1980-тите, а истовремено да го слави 288 GTO на Ferrari и човекот зад него. Никола Матераци беше инженер одговорен за развојот на бројни автомобили, вклучувајќи го и 288 GTO, како и F40 и Bugatti EB110, и соработуваше со Maggiore на проектот GranTurismO пред тој неодамна да почине.
Значи, 600 КС од твин-турбо верзијата на 2,9-литарскиот V8 мотор, со нов шестстепен мануелен менувач, поширока „шара“ на тркалата, суспензија Ergal (алуминиумска легура што се користи за авиони) и Brembo сопирачки.
Шасијата на донаторот (од семејството 208/308/328) е „целосно обновена и зајакната за да издржи нови нивоа на стрес“.
Maggiore го опишува дизајнот на GranTurismO како „инспирација од помускулестиот 288 GTO“, што е најочигледно на задниот дел.

Дефинитивно има навестување на F8 Tributo во изгледот, а истото важи и за новите 3D-дизајнирани тркала со пет краци. Самото тело е целосно направено од јаглеродни влакна.
Automobili Maggiore ветува и модерна кабина, но со „винтиџ референци“, како и неограничени опции за прилагодување.
Компанијата планира да направи 19 примероци од овој модел, иако се уште го нема потврдено датумот за почеток на производството (неофицијално на крајот на 2023 година), ниту цената.